Градоначалникот Константин Георгиески и директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски со својата неодговорност и неспособност докажаа дека немаат капацитет да го решат проблемот со кучињата-скитници, обвини ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
„Георгиески и Грданоски скоро две години ги лажат охриѓани, а решението за проблемот со бездомните кучиња не е ниту на повидок. Детската игра ја претворивте во кошмар. Дали сте свесни по којпат ставивте детски живот во опасност? Дали Георгиески и Грданоски се видно вознемирени како и девојчето, па ноќта ја поминале во страв будејќи се во сонот? Веднаш ако имате грам морал и совест и двајцата да понесете одговорност!
Траумите кои ќе ги носи девојчето цел живот, но и сите претходни жртви на напади се ваш товар. Оваа локална власт не презема ништо за решавање на проблемот со кучињата-скитници. Каков е тој стационар што божем функционира кога се’ уште врие од глутници кучиња-скитници низ улиците?
Додека Грданоски и Георгиески се правдаат со Агенцијата за храна и ветеринарство, децата одат со страв на училиште, граѓаните со страв се враќаат дома во вечерните часови.
Кога палмите се поважни од дивоградбите, а личните интереси пред животот на граѓаните, градот и граѓаните со СДСМ и Георгиески се во опасност. Локалната Власт на СДСМ и Георгиески е кошмар за Охрид и охриѓани, веат од опозициската партија.