Експертски состанок на тема „Улогата на новоизбраната Државна комисија за спречување на корупцијата”, ќе биде одржан денеска во Скопје во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер” – Програма за владеење на правото во Југоисточна Европа со седиште во Букурешт и Институтот за општествени истражувања МК-91 од Скопје.
На состанокот ќе учествуваат претседателката и членови на ДКСК, претставници на академската заедница, адвокатурата, медиумите, невладините огранизации, како и дипломатскиот кор.