Петре Шилегов е олицетворение на целата некултура на СДСМ. Деновиве Шилегов од позиција на градоначалник на град Скопје јавно искажа говор на омраза и нетолерантност кон партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното членство, изјави Јелена Жугиќ.
Таа рече дека нервозата кај Шилегов е очигледна и порача дека треба да си поднесе оставка од градоначалник.
„Поистоветувањето на ВМРО-ДПМНЕ со зборовите простотилук и фашизам, се тешки квалификации за кои Шилегов мора да се извини, ова е последно предупредување пред поведување на постапка против него пред надлежните институции. Скопје година и 7 месеци не виде ниту еден проект, ниту инвестиција. Во Скопје година и 7 месеци не се гради ама баш ништо. Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје, единствено што знае и прави е ширење на говор на омраза“, рече Жугиќ.
Таа додаде дека не може Шилегов да е неспособен за партијата, а да е добар за град Скопје и затоа, како што рече, тој треба да поднесе оставка веднаш.