Пожар избувна утринава во стан позади Универзална сала, на улицата „Христо Смирненски“. Според МВР станот кој се запали се наоѓа на поткровје на зградата, а пожарот избил во кујната.
Противпожарните екипи интервенираа навреме и спречија пожарот да се прошири во другите станови. Од Противпожарната единица Скопје велат дека причина за пожарот е најверојатно електричната инсталација.
Од таму додаваат дека станарите биле евакуирани и дека нема повредени.