Иран не гледа моженост за преговори со САД

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи во вторникот рече дека нема изгледи за преговори со САД еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно да се постигне договор со Иран во врска со нуклеарната програма на земјата.

„Во моментот не гледаме можност за преговори со Америка“, рече портпаролот Абас Мусави.

Трамп во понеделникот изјави дека верува оти Иран би сакал да постигне договор и дека постои голема можност тоа да се случи.

Треба да знаете
Последни објави