Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска пристигнува во дводневна посета на Словенија, за време на која ќе се сретне со највисоките словенечки функционери, соопшти Љубљана.
Како што се наведува во соопштението на словенечкото МНР, се работи за билатерална работна посета, која претставува продолжување на дијалогот меѓу Москва и Љубљана. Словенечкиот министер Миро Церар вечерва со својот гостин од Русија, ќе разговара за билатералните односи, економската соработка и актуелните меѓународни теми.
Лавров утре повторно ќе се сретне со Церар, а одделно ќе разговара и со претседателот Борут Пахор, како и со премиерот Марјан Шарец.