Европските лидери се собраа во Брисел да преговараат за тоа кој би требало да ги предводи клучните институции на ЕУ во наредните пет години.
Претседателите и премиерите на земјите членки на ЕУ ќе се сретнат на вечера на која би требало да изберат наследник на Жан Клод Јункер, на местото претседател на Европската комисија.
Тие најверојатно ќе ги разгледаат и кандидатите за претседател на Европскиот совет, висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, функција која досега ја вршеше Федерика Могерини и претседател на Европската централна банка.
Претседателот на Европскиот парламент, Антониот Тајани изјави дека законодавното тело верува дека новиот шеф на Европската комисија треба да биде избран меѓу кандидатите кои се предложени од политичките групации во парламентот.
Тоа би можело да го доведе парламентот во судир со некои лидери на ЕУ, кои сакаат поширок избор во потрага за наследник на Јункер, пренесе АП.