Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата Цивика мобилита денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе го одржи Националниот форум „Соработката помеѓу Собранието и граѓанските организации”.
На форумот најавено е обраќање на претседателот на Парламентот Талат Џафери, на амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер Тахеда, како и пратеници од Собранието.
Дискусијата на форумот ќе се фокусира на досегашната соработка помеѓу Парламентот и граѓанските организации низ призмата на искуствата на пратениците, како и од аспект на граѓанските организации кои имале таква соработка.