Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во официјална посета на вооружените сили на Република Австрија, денескa во Виена се сретна со Началникот на генералштабот на ВС на Република Австрија, генерал Роберт Бригер.
По пречекот со високи воени почести, на средбата помеѓу генералите Ѓурчиновски и Бригер се разговарало за билатералната воена соработка, при што се разгледале можностите за понатамошно продлабочување на истата преку воената едукација, изведување на заедничка обука и вежби и користење на капацитетите на двете армии.
Во рамки на посетата, армиската делегацијата предводена од генералот Ѓурчиновски посети дел од австриските воени единици стационирани во Штрас, а во текот на денот ќе ја посети и здружената команда на ВС во Грац, каде ќе има средба со командантот, генерал потполковник Франц Рајснар, при што ќе се разговара за облиците на меѓусебната соработка.
Досегашната соработка со Вооружените сили на Република Австрија особено беше изразена во областа во военото образование и заедничката обука на специјалните сили.