Премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, утре ќе присуствуваат на отворањето на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово, кој ги поврзува Приштина со Северна Македонија. Претходно Заев беше дел од делегација од нашата земја која присуствуваше на отворањето на автопатот кај Греличката клисура во Србија.
„Ве известуваме дека утре (29 мај), со почеток во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста по повод отворањето на автопатот Р6 „Арбен Џафери“, во Косово. На настанот ќе биде присутен и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.“, соопштија од Владата.