Авион „МИГ 29“ прелетал денеска над Нови Пазар во насока кон Конената безбедносна зона, објави Танјуг.
Агенцијата наведува дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ по упадот на специјалните единици на косовската полиција во северниот дел на Косово и апсењето на Србите, нареди целосна борбена и боева готовност на српските воени единици.
-Ако дојде до загрозување на редот и животот на луѓето во северниот дел на Косово, нашата армија ќе го заштити нашиот народ, рече претседателот.
Инаку, специјалната единица „Росу“ утрово влезе во северниот дел на Косово, каде што беа уапсени и малтретирани Срби и уапсени 19 членови на Косовската полиција од српско, босанско и од албанско потекло, по што околу 13 часот се повлекоа од територијата на северниот дел на провинцијата, каде што живеат мнозинство Срби. По тензии и судири во Зубин Поток, каде полицијата ја проби барикадата, ситуацијата сега е мирна, но напната.
Танјуг пренесува и дека од касарната на Армијата на Србија во Краљево пред 14 часот почнала да излегува колона на воени возила полни со луѓе и опрема. Исто така, како што велат во касарната претходно дошол министерот за одбрана Александар Вулин.