Русија ќе гради мега пристаниште во својот западен регион во „енклавата” Калининград.
Проектот во близина на Калининград доби поддршка од претседателот Владимир Путин за да започне спроведувањето на плановите, објавија руските медиуми.
Изградбата на бродски јазол со капацитет од 48 милиони тони и поврзана инфраструктура, вклучувајќи железница и патишта, се проценува дека може да чини повеќе од 3,1 милијарда долари.
Путин веќе даде зелено светло за проектот, според „Комерсант“, цитирајќи го писмото од неговиот помошник Андреј Белоусов. Советникот на рускиот водач предложи да се создаде деловен план за центарот за да се докаже ефикасноста. Според наводите, документот ќе го разгледува Владата на 1 септември.
Во истото подрачје се гради дополнителен терминал за патници и товар во крајбрежниот град Пионерски.