Скопје добива нов тематски забавен парк

Град Скопје на старата локација ќе изгради нов тематски забавен парк, што ќе биде регионална атракција, имајќи предвид дека ваков парк не постои во радиус од 250 километри. Денеска во градот беа презентирани содржините на тематскиот парк од  градоначалникот Шилегов и од проектантот и архитект, Франко Бараѕони, претставник на италијанската компанија на Баусаа, коишто ги изработија и се донатори на студијата и планот за изградба.

Новиот забавен парк опфаќа најсовремени реквизити кои гарантираат дека истиот ќе биде пожелно место за забава на семејствата и на сите посетители без оглед на нивната возраст.

Заради тоа, проектирано е во паркот да има три зони, детска, фамилијарна  и адреналинска зона, во коишто ќе се постават 24 различни реквизити и содржини. Самиот парк ќе се протега на истата површина како и досега и нема да се уништува постојното зеленило во Градски парк,  а во паркот нема да биде исечено  ниту едно дрво за негова изградба. Сите реквизити во паркот ќе се поставуваат, односно лоцираат, според постојните дрвја на парцелата. Забавниот парк ќе се простира на околу 26.000 квадратни метри, и ќе обезбеди нови најмалку 100 директни вработувања, а над 500 индиректни нови вработувања.

 

Треба да знаете
Последни објави