Преговорите за новиот закон за Јавното обвинителство, во чии рамки е и статусот на СЈО е еклатантен пример како не треба да течат реформите во Република Северна Македонија, оцени денеска професорот Никола Тупанчевски од Правниот факултет во Скопје, и поранешен наципонален претставник во ГРЕКО, посочувајќи дека тоа е ставот на поголемиот број негови колеги од правната фела.
Според него, извештајот на ГРЕКО, на Рајнхард Прибе и од ЕК се одлична рамка за натамошно подобрување на правната рамка во земјава, особено во практицирање на правото.
– Можеби на почетокот имаше некаква инклузија на стручната јавност. Сепак, на крајот се сведува на некаков политички, патиски договор, за кој не сум сигурен дека ќе го даде оптималното решение во однос на овој сериозен системски зкаон, за кој имаме сериозни очекувања, рече Тупанчевски на денешиот експертски состанок на тема „Улогата на новоизбраната Државна комисија за спречување на корупцијата” во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер”-Програма за владеење на правото во ЈИЕ и Институтот за општествени истражувања МК-91.
За професорот од Правниот факултет, Тупанчевски, клучно е прашањето за која верзија од Предлог-законот се преговара и кој преговара.
– Ако продолжиме со нашата практика законите да ги носиме во Клуб на пратеници, тогаш тоа ќе биде сериозна пречка во сериозната реформа на македонската општествена сфера, нагласи професорот Никола Тупанчевски.