СДСМ ги повика пратениците од ВМРО ДПМНЕ да гласаат за одземање на мандатот на Никола Груевски.
Деловнички е исполнет условот од шест месечно неоправдано отсуство од работата на Парламентот.
Оттука велат нема ништо спорно во тоа кој било пратеник, независно дали е од парламентарното мнозинство или од опозицијата би имал дилеми како да постапи и гласа.
За разлика од претходно кога ВМРО ДПМЕ тврдеше дека нема да гласаат за одземање на мандатот со образложение дека никој нема право да му одземе на некој нешто што не му дал, овојпат ретерираат во ставот.
Се уште немаат изградено став и донесено одлука. Тоа ќе го сторат по координацијата на пратеничката група.
Поради оставката на Павле Богоевски, со седницата на Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања ќе заседава неговата заменичка Снежана Калеска Ванчева.