Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Б.(41),М.Б.(20), И.П.(32), Д.Ч.(22), З.Б.(42) и В.Б.(52), сите од беровското село Русиново, осомничени за кражба на дрва.
Пријавените на 19 февруари годинава во атар на селото Русиново, во месноста Робан, од парцела во државна сопственост извршиле бесправна сеча на борови стебла, со што нанеле материјална штета од 676.520 денари на Буџетот на ЈП „Македонски шуми“.