Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави денеска во Брисел дека го поддржува изборот на социјалистот Франс Тимерманс за претседател на Европската комисија.
„Социјалдемократското семејство е втора по големина сила, со најдобриот кандидат Франс Тимерманс“, изјави Санчез пред новинарите при доаѓањето на преговорите со лидерите од ЕУ за изборот на шефовите на клучните институции во Унијата.
Тој смета дека холандскиот политичар и досегашен заменик претседател на ЕК Тимерманс ги има потребните квалитети и искуство, пренесе „Ројтерс“.
Претходно и португалскиот премиер Антонио Коста рече дека следен претседател на ЕК треба да биде Тимерманс, а на кандидатот на Европската народна партија Манфред Вебер, кој пак, го поддржа Меркел.