Една 12-годишна ученичка во основно училиште е убиена во напад со нож кој се случил денеска во предградие на Токио.
Напаѓачот, од засега непознати причини, со нож нападнал деца на автобуска станица, а потоа се самоубил со четири убоди во врат.
Во нападот се повредени 18 лица, од кои повеќето се ученички во католичко училиште.
Би-Би-Си јави дека 16 од повредените се ученички. Покрај девојчето, од повредите починал и еден маж на возраст од 39 години.
Возачот на автобусот рекол дека мажот дошол до автобуската станица на која ученичките го чекале автобусот и почнал да ги боде децата на станицата. Потоа влегол во авобусот и почнал да ги боде и децата кои биле внатре.