Oбожавателите изненадени од вистинското име на Џон Леџенд

Холивудските ѕвезди често во кариерата користат уметничко име или прекар, а во таа група спаѓа и музичарот Џон Леџенд. Неговото вистинско име не е толку привлечно како ова со кое се прослави, а гласи Џон Роџер Стивенс.

Еднаш на „Твитер“ го објави своето вистинско име и оттогаш обожавателите не престанаа да зборуваат за тоа и оваа тема сега повторно е актуелна на социјалните мрежи.

„Неговото вистинско име е Џон Стивенс. Замислете“, напиша еден обожавател неодамна на „Твитер“. „Не е Леџенд? Тоа е малку претенциозно“, напиша друг обожавател притоа мислејќи дека пејачот сам си го дал епитетот легенда.

Уште во 2008 година во интервју на Ем-ти-ви пејачот откри како дошол до презимето што го користи како уметник. „Џон Леџенд е прекарот што некои мои пријатели ми го дадоа во детството и стана мое уметничко име“, објасни тогаш тој.

Треба да знаете
Последни објави