(Видео) Во карпа во Јужна Африка откриена вонземна материја

Во нов труд на Центарот за молекуларна биофизика ЦНРС во Франција, научниците тврдат дека откриле вонземна органска материја „заглавена” во вулканска карпа на планината Маконџва во Јужна Африка. Материјата е стара повеќе од три милијарди години.

„Ова е првпат да откриеме вистински докази за вонземен јаглерод во карпа“, изјави Франсес Вестал, астробиолог од ЦНРС.

https://youtu.be/t9tUh2nGzHo

Од праисторијата Сончевиот Систем со метеорити и други вселенски тела ја „бомбардирал“ Земјата, а според некои теории, дел од тие надворешни вселенски материи го овозможиле животот на нашата планета. Новите наоди можеби и го потврдуваат сето тоа.

„На некои карпи се пронајдени и наночестички од никел, хром и железо, што не е вообичаено кај обичните земни карпи. Ова посочува дека тој слој камења се појавил по судир со вселенско тело“, објаснува Дидие Гурие, водечки автор на истражувањето од Истражувачкиот универзитет ПСЛ.

Во заклучокот на научниот труд се вели дека, веројатно, вонземната органска материја паѓала на 3емјата со микрометеорити кои се измешале во атмосферата со вулкански пепел, а потоа биле втиснати во вулканските карпи на планината Маконџва.

Треба да знаете
Последни објави