Во Дубровник не плови спасувачкиот брод, екипажот поднесе оставка

Тројца членови на екипажот на бродот „Данче“ во Дубровник, кој служи за пребарување и спасување на море, дадоа отказ поради што бродот оттогаш не испловува во операции за пребарување и спасување.

Тие ги поднеле своите откази на 1 мај, поради што бродот не може да исплови во случај на опасност, според „Слободна Далмација“.

Министерството за поморски работи сé уште не објави оглас за слободни работни места на „Данче“, иако има заинтересирани за работа на бродот на пристанишната управа.

Бродовите на пристанишните капетании, покрај потрагата и спасувањето на море, служат и за превоз на тешко болни лица од островот, како и на оние кои доживувеале срцев или мозочен удар на море или земја или настрадале во некоја несреќа, а за време на туристичката сезона ја контролираат безбедноста на навигацијата.

Треба да знаете
Последни објави