Во штипскиот Граѓански ресурсен центар се одржува Форум посветен на соработката меѓу бизнис и граѓанскиот сектор и образовните институции од источниот и југоисточниот регион.
Столе Георгиев од Институтот Коцка од Скопје истакна целта е да се мотивира соработката меѓу овие три сектори, со цел да има поголем економски развој и да се намали невработеноста во земјава. Смета дека некоја форма на соработка меѓу бизнис секторот и институциите има, но соработката меѓу бизнис секторот и граѓанските организации не е на некое ниво.
– Една од можностите со коишто е предвидено во проектот е да речеме да се најде заедничка соработка на брендирање на локалните продукти и да се изнаоѓаат да речеме заеднички пазари за пласирање на продукти. Другата цел ни е за поттикнување и помош за создавање на нови работни места, особено во локалните средини преку заеднички активности на бизнис секторот, јавните институции и граѓанските организации, вели Гееоргиев.
Истражувањето на институтот „Коцка” покажува дека најгорлив проблем за населението е вработувањето, но од друга страна пак бизнис секторот се жали дека нема квалификувана работна сила. Токму поради овие контрадикторности, според Георгиев мора да се вклучат и образовните институции, почнувајќи од средните училишта па се до факултетите, кои заедно со бизнис секторот сериозно ќе се занимаваат со ремодулирање на стручното образование и добивање на профили кои се потребни на компаниите.
-Ова е прв форум на којшто ги соочуваме бизнис секторот, граѓанските организации и образовните институции, досега имавме работилници исклучиво со граѓански организации или исклучиво со бизнис сектор, вели Георгиев.
Универзитетскиот професор од Економскиот факултет при приватниот универзитет ФОН во Скопје, Саво Ашталкоски вели дека бизнис секторот многу малку ја користи науката за да го унапреди своето производство.
-Јас би рекол дека иницијативата е пред се од другите чинители од Владата од Универзитетите, а не толку од бизнис секторот, кој би требало да имаат најголема потреба од таквата соработка. Токму и ваквите форуми се во насока на поттикнување на бизнис секторот да се вклучи во овие институционални системи на поддршка, како би ги извлекле поволностите на програмите, коишто постојат, вели Аштаклоски.
Тој забележа дека најголем дел од фирмите во државата се мали и средни претпријатија, но токму тие се најранливите поради недостатокот на ресурси со коишто располагаат.
-Тие се претпријатија, коишто имаат свои иновативни идеи, имаат свои планови за развој, но им недостасуваат ресурси од секаков тип, пред се финансиски, кадровски, вели Ашталкоски.
Смета дека во делот на работната сила се уште не е доволно мотивирана, бидејќи нивото на плати во малите и средни претпријатија не се доволен мотивирачки фактор за разботната сила и тоа во насока на поттикнување на инвестиции, воведување на нови технологии, кои би биле основата за развој на ваквите претпријатија.
Горна Митев од компанијата „Фрукатана” забележува дека недоволната соработка меѓу бизнис секторот и институциите лежи во фактот во тешката комуникација, бидејќи какошто вели некои администратувци имаат некои бариери, одбранбен механизам и многу тешко комуницираат со компаниите.
-Можеби тоа е резултат на незадоволство од нивните примања или од условите за работа, но мислам дека тоа не е причина и начин да имаат лоша комуникација со компаниите. Што се однесува со граѓанскиот сектор и со универзитетските професори можам да кажам дека тука до скоро во земјава и да не беше развиена комуникацијата, вели Митев.
Тој забележува дека како компанија имаат потреба од општи работници, коишто ги нема, а од друга страна се создава и јаз со форсирањето на зголемување на платите посебно во јавниот сектор, со што кај невработените се создава и одбивност да бараат работа во приватниот сектор и затоа Митев вели дека сите чекаат вработување во јавната администрација. Проектот “Паметна алатка за управување со бизнис” финансиски е поддржан преку:Националната програма за Инструмент за претпристапна помош (ИПА) 2007-2013 ИПА Компонента I – Помош во период на транзиција и градење на институции. Проектот го спроведуваат Институтот „Коцка” од Скопје и здружението МРЦГО –Скопје.