Тетките, исто како родителите и бабите и дедовците, имаат важна улога во животот на децата, односно внуците. Во практична смисла, тие ја заземаат улогата на втора мајка бидејќи секогаш се достапни кога ќе им затребаат на внуците.
Врската меѓу децата и нивните тетки е исклучително блиска. Кога мајката е уморна, тетката е секогаш тука, подготвена да се најде и да мине малку време со детето. Постојат многу причини зошто тетките се важни во животот на внуците, а ова се дел од нив.
1. Тетката е личност од доверба
Кога децата се повозрасни, постојат теми за кои не сакаат или се плашат да разговараат со родителите. Затоа, најчесто бараат совет од тетката, во која имаат доверба и знаат дека можат да ѝ се обратат.
2. Тетката сака да ги разгалува внуците
Без разлика колку внучиња имаат, тетките на сите им обрнуваат подеднакво внимание и сакаат да ги разгалуваат со изненадувања.
3. Помагаат децата да научат животни вредности
Кога родителите немаат време тетките се секогаш подготвени да го научат детето и да му ја разграничат разликата меѓу доброто и лошото.
4. Тетката е како психолог
Секогаш знае кога внуците се тажни, изнервирани или не се чувствуваат добро. Секогаш е тука како раме за плачење и подготвена да го слушне проблемот.
5. Секогаш се подготвени да ја преземат грижата за внучето
Кога родителите работат и им е потребна личност од доверба на која ќе ѝ го доверат детето, бабите и дедовците не се единствената опција. Тука настапува и тетката со која детето сигурно ќе си помине убаво време додека мама и тато се отсутни.
6. Тетките имаат големо влијание на внуците
Понекогаш тетките мораат да го поправат лошото однесување на децата, а интересно е што децата многу полесно прифаќаат вакви совети од тетката која умее суптилно да ги насочи.
7. Тетката секогаш има време да помогне
Ако на детето му е потребна помош со домашната задача или со учењето, верувајте дека тетката никогаш нема да го одбие за помош.
8. Љубовта меѓу тетката и внучето е посебна
Дури и кога тетката има свои деца, љубовта кон внуците е посебна и незаменлива. Да се биде тетка е благослов, а внучињата се непроценливо богатство во животот.