„Клач кофи“ во Сан Франциско на менито нуди кафе кое чини 75 долари за 1 филџан, а е направено од зрна кафе одгледани во Панама.
Овој вид зрна е наречен „Елида Гејша натурал“ и чини неверојатни 803 долари за половина килограм, а со тоа го држи и рекордот на најскапото кафе во светот.
„Има неверојатен вкус и арома, но не сум сигурна дали вреди за 75 долари. Зошто некој би платил толкава сума за филџан кафе“, вели една посетителка по дегустацијата.
„Ова зрно освои награда на ‘Најдоброто од Панама,’ тоа е нешто како ‘Греми’ за кафиња“, вели сопственикот на кафулето, Бо Тиара.
Вкупната количина на ова кафе во целиот свет е околу 50 килограми, а кафулето „Клач“ има купено 5 килограми. Оваа количина е доволна за околу 80 филџани кафе.
„Клач кофи“ е единственото кафуле во САД кое служи кафе од оваа врста на зрна.
„До сега продадовме околу 20 филџани, но исто така дадовме и 20тина филџани за дегустација,“ вели Бо Тиара.
Кафето е спакувано во посебни пакетчиња и се чува во сеф.