Иранската револуционерна гарда не се плаши од евентуална војна со САД, порача денеска портпаролот на овие сили, генерал Рамазан Шариф.
Тој истакна дека Револуционерната гарда не поддржува ангажирање во која било војна, но и дека не се плаши од избувнувањето на војната. Шариф оцени и дека „непријателот не е помоќен од претходно”.
Коментарот на Шариф доаѓа во време на зголемување на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран, до кои дојде откако САД испратија носач на авиони и бомбардери Б-52 во Персискиот Залив, поради, како што тврдат, зголемена закана од Техеран.