Сара Мејс го извади Копито(то) на Принц

Femme Fatale на Александар Ристовски – Принц ги поместува граници

 

Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс го извадија “Копито“. Сите се прашуваа каков ќе биде спотот и сега го имаат одговорот. Стил кој соодветствува на проектот на Принц “Femme Fatale“.

Спотот на “Копито“ беше снимен во Аква парк „Борис Трајковски“ во Скопје, а за неговите потреби се појавуваат околу 20 статисти и истиот може да се погледне на: https://www.youtube.com/watch?v=5XooDJM5ses

Интерпретацијата на видеото и песната е на самиот гледач и слушач. Има многу простор за коментари, но таа е и поентата на самото издание на Сара и Принц.

Песната “Копито“ е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот на Сара Мејс. Александар Ристовски – Принц е на гитара, Џоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани. Аудио и видео продукција на AleXanDeR.

 

Треба да знаете
Последни објави