Серена Вилијамс го посети малиот принц Арчи

Тениската легенда Серена Вилијамс (37) беше една од првите личности надвор од кралското семејство што го запозна бебето Арчи. Веднаш по слетувањето во Велика Британија таа отиде да ја посети својата пријателка Меган Маркл (37).

Според „Дејли мејл”, Серена отишла да го види бебето пред да замине во Париз на Френч опен турнирот, во придружба на нејзиниот сопруг Алексис Оханиан (36) и ќерката Олимпија (1). На својот инстаграм-профил таа сподели фотографија од кралската соба.

https://www.instagram.com/p/BxucGoEnY5F/?utm_source=ig_web_copy_link

Серена присуствуваше на венчавката на кралската двојка. Таа и Меган се запознаа на Супер боул во 2010 година и оттогаш се пријателки.

Треба да знаете
Последни објави