Уапсени четворица цариници на Косово

Во полициската акција на Косово што почна утринава приведени се и четворица царински службеници, потврдија од Царината на Косово.

Како што се наведува во соопштението, „по неколкумесечна истрага, синоќа е преземена акција за апсење лица кои се осомничени за злоупотреба на службената должност и за криумчарење”.

„Уапсени се четворица царински службеници и седум граѓани”, се наведува во соопштението на Царината.

Треба да знаете
Последни објави