Тарик Филиповиќ минатата недела ја сними својата последна „Потера“, 826. по ред. Од есен, гледачите ќе го гледаат како водител на квизот „Кој сака да биде милионер“ кој се враќа на малите екрани.
Ова, пак, значеше дека позицијата на водител на „Потера“ остана празна, но ХРТ брзо најде замена за Филиповиќ.
„Со оглед на фактот дека Тарик Филиповиќ во петок 24 мај ја сними последата планирана емисија на квизот „Потера“ пред летните одмори и дека од есен ќе стане ново-стариот водител на „Милионер“, местото на водител на „Потера“ останува празна и треба да го замени Јошко Локас.
Колегата Локас од почетокот е во потесен избор поради долгогодишниот квизашки стаж, па договорот за неговиот ангажман во „Потера“ е во тек. Ако нема промени во планираната реализација, ХРТ може да потврди дека Јошко Локас е новиот водител на квизот „Потера“, открија од ХРТ за „Индекс“.
Ловецот Дејан Котига на Фејсбук откри како го означиле крајот на водителскиот ангажман на Тарик во „Потера“.
„Денес нашиот драг Тарик ја сними 826. (!!!) и досега последната епизода на „Потера”, па му нарачавме соодветна торта и се фотографиравме. Многу ќе ни недостасува, но ние од есен ќе се потрудиме да бидеме уште подобри “, напиша Котига покрај фотографијата со соодветна торта.