„Џенерал Електрик” укинува повеќе од 1.000 работни места во Франција

„Џенерал Електрик” ќе укине 1.050 работни места во своите компании на истокот од Франција, соопшти раководството на американскиот гигант.

Како што јави дописникот на МИА, „Џенерал Електрик” пред претставниците на вработените ги претстави плановите за реорганизација на филијалата за производство на гасни турбини и помошните служби, што може да резултира со укинување до 1.044 работни места, главно во градовите Белфор, Бургоњ и Булоњ-Бијанкур.

Погоните за производство на гасни турбини во Белфор и Бургоњ ќе останат без 792 од вкупно 1.800 работни места, додека 252 места ќе бидат укинати во администрацијата наследена од компанијата „Алстом”, која „Џенерал Електрик” ја купи пред три години.

– Тоа се повеќе од половина од вработените… што ќе ги загубат своите работни места, наведува во соопштени градоначалникот на Белфор, Дамиен Месло.

Оваа бројката е малку повисока од онаа што ја очекуваа синдикатите, бидејќи последните гласини говореа за укинување на 800 до 1000 работни места.

Согласно плановите, фабриката на „Џенерал Електрик” во Шонас л’Амбалан во Изер, која изработува делови за турбините на гас и вработува 30 лица, ќе биде продадена.

„Џенерал Електрик” го купи погонот на „Алстом” во Белфор во 1999 година, а целиот енергетски сектор на компанијата во ноември 2015 година, кога актуелниот француски претседател Емануел Макрон беше министер за економија.

Американскиот гигант очекуваше бум секторот за гасните турбини, но пазарот доживеа колапс.

Треба да знаете
Последни објави