Адвокатите тврдат дека затворениците биле мачени во Анкара, полицијата негира

Петмина поранешни припадници на турското Министерство за надворешни работи беа мачени додека беа во притвор, минатата ноќ соопшти Адвокатската комора на Анкара.

Во соопштението се вели дека пет од шест затвореници за време на испитувањето, наводно, биле соблечени, тие биле тепани од страна на полицијата и им се заканувале со силување, според АП.

Полицијата ги негираше обвинувањата, велејќи дека уапсените биле прегледувани секој ден и не било евидентирано недолично однесување кон нив.

Овие затвореници беа во група од 249 поранешни припадници на Министерството за надворешни работи, кои беа уапсени минатата недела под сомнение дека мамеле на приемните избори за влез во Министерството, како и за поврзаност со мрежата на верскиот водач Фејтула Ѓулен, обвинет дека стои зад неуспешниот државен удар во 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави