Белград разгледува наплата за влез со возило во центарот на градот

Челниците на Белград сметаат дека едно од решенијата за колапсот во градот е плаќањето за влез со возила во центарот на градот.

Секретаријатот за транспорт распиша јавна набавка за развој на студијата „Управување со сообраќајот во Белград преку моделот на тарифирање за пристап до централната зона”, објавија Вечерње новости. Тендерот ќе биде отворен на 26-ти јуни.

Како што пишува Новости, избраниот понудувач ќе има 180 дена да ги анализира искуствата од практиките во градовите кои го применуваат таквото управување, но исто така и да ги анкетираат граѓаните за плаќањето за влез во центарот на градот.

Треба да знаете
Последни објави