(Видео) Богат руски тинејџер го измасакрирал другарот поради видеоигра

Тинејџер од Русија е осуден на три и пол години затвор поради брутално убиство на својот врсник, кого го убил затоа што го победил во видеоигра, според британските медиуми.

Васја Турда, 15-годишно момче од Нижњаја Апша во северна Русија, го поканил својот пријател Васја Попа во својата куќа за да му го покаже новиот софтвер.

Неколку часа подоцна, Попа е пронајден мртов. На неговото тело имало 27 рани од убод со нож. Тој бил пронајден од бабата на Турда.

 

„Имаше 27 убодни рани. Неговата глава беше речиси отсечена, а неговиот врат пресечен од уво до уво“, рече таткото на жртвата, Михаил Поп. Патолозите открија дека телото на 15-годишно момче било осакатено.

Полицијата верува дека имало расправии меѓу двајцата тинејџери, бидејќи Поп бил подобар од Турда во играта. Објавени се полициски фотографии од куќата полна со траги од крв.

Според британските медиуми, Турда е син на богатиот бизнисмен Васили. Семејството живее во Нижњаја Апши, едно од најбогатите села во Русија.

Треба да знаете
Последни објави