(Видео) Елен Деџенерис јавно зборуваше дека очувот сексуално ја злоставувал кога била тинејџерка

Водителката и комичарка Елен Деџенерис во интервју со Дејвид Летерман јавно зборуваше дека нејзиниот очув сексуално ја злоставувал кога имала 15 години.

Во шоуто на Летерман „My Next Guest Needs No Introduction“, Елен раскажала дека очувот ја допирал за градите велејќи ѝ дека проверува дали има грутки, а кога ѝ кажала на мајка ѝ која боледувала од рак, таа не ѝ поверувала, па останала во врска со очувот цели 18 години.

„Ми рече дека открил грутка на градите на мајка ми и дека мора да ги допре и моите за да провери дали и јас имам. Тогаш сè уште не знаев ништо за човековото тело, дури ни тоа дека не се сите гради исти, па успеа да ме убеди“, рекла Елен.

Додала дека очувот повеќе пати се обидел да го повтори тоа.

„Еднаш проба да провали во мојата соба, па го скршив прозорот и избегав. Не сакав да ѝ кажам на мајка ми затоа што сакав да ја заштитам, а знаев дека нешто такво ќе ја унесреќи“, рекла Елен.

Кога кончено ѝ кажала на мајка ѝ што се случувало, таа не ѝ поверувала, па останала во врска со очувот 18 години. На крајот, сепак, сфатила, и го оставила.

„Лута сум на себе затоа што бев преслаба да се спротиставам. Имав само 15 или 16 години. Тоа е стварно ужасна приказна, но ја раскажувам за да ги охрабрам сите девојки и жени да не молчат. Не требаше да ја штитам мајка ми, требаше да се заштитам себе си. Кога ѝ кажав, не ми веруваше. Поверува дури кога тој повеќе пати ја смени својата верзија на приказната. Тогаш го остави. Денес ѝ е жал за сè“, рекла Елен.

Треба да знаете
Последни објави