Жугиќ: Петре Шилегов треба да добие метла како градоначалник

Заев го измете Петре Шилегов од својот двор, но проблемот е депонијата надвор од дворот. Најнеспособниот градоначалник Шилегов доби метла од партиските кругови, но проблемот е неговата неработа како градоначалник, изјави Јелена Жугиќ, советник во Советот на Град Скопје.

„Граѓаните немаат интерес од потпретседателот Шилегов, туку проблемот е градоначалникот Шилегов. Добро е што неговата партија призна дека тој е неуспешен, сега на ред е оставка како градоначалник. Петре Шилегов треба да добие метла како градоначалник затоа што:

Е единствениот кому му украдоа урбана опрема за фонтаните и покрај ангажирана чуварска служба. Сега штетата ќе ја плаќаат скопјани; Затоа што 2 години ја закочи изградбата на новиот луна парк, кој досега требаше да биде готов; Затоа што додека скопјани се гушат во смет, зони на Скопје се без соодветен водовод, прептријатијата бележат загуба, се зголемува паричниот надоместокот на членовите во управните и надзорните одбори на градските претпријатија; Затоа што за Шилегов не е проблем тендерот доделен на невенчаниот сопруг на министерката од владата која ја води партијата каде до скоро беше и самиот тој  потпретседател, не за него тоа не е проблем; Затоа што го поскапе паркингот; Затоа што ветуваше Скопје со чист воздух, а добивме најзагаден град во светот; Затоа што нема ниту еден ново изграден булевар, парк ниту пак започна било каков  капитален проект; Затоа што Петре вети многу, а не оствари ништо.

И секако затоа што ги навреди членовите на ВМРО-ДПМНЕ и партијата со зборовите простотилук и фашисти.

Недавањето на оставка на Петре Шилегов ќе докаже дека операцијата метла е само сеење на магла и однапред договорена операција за спас на нивните пропаднати политичките кариери.

Треба да знаете
Последни објави