Објавени фотографии од матурската забава на помалата ќерка на Обама

Помалата ќерка на Барак и Мишел Обама, Саша Обама, има веќе 17 години, а фотографиите од нејзината матурска забава го преплавија интернетот.

Никој не може да поверува колку брзо пораснала и дека таа е истото она девојче кое на возраст од осум години дојде да живее во Белата куќа со своите родители и постарата сестра Малија.

Фотографиите беа објавени на „Твитер“ од страна на роднината на матурскиот придружник на Саша.

Таа наесен треба да оди на факултет, но сè уште не се знае кој факултет го одбрала. Нејзината сестра Малија студира на Харвард.

Треба да знаете
Последни објави