Прва изјава на Малер за истрагата за наводната вмешаност на Русија во изборите во САД

Американскиот специјален обвинител Робарт Малер, кој раководеше со истрагата за наводната руска вмешаност во изборите на САД во 2016 година и за сомнежите на заговор на изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп со Русија, денеска ќе даде изјава за медиумите, соопшти американското Министерство за правда.

Изјавата е планирана во зградата на Министерството за правда и по неа Малер нема да одговара на прашања на новинарите, се наведува во соопштението.

Ненадејната информација за изјава на Малер, прва по двегодишната истрага и по објавувањето на извештајот од неа во март годинава, доаѓа во време кога Претставничкиот дом на американскиот Конгрес бара тој да сведочи пред надлежното тело.

Барањата за негово сведочење од страна на демократите се однесуваат на појаснување на некои цензурирани делови во извештајот од истрагата и тензиите со јавниот обвинител Вилијам Бар за тоа како извештајот бил обелоденет.

Истрагата на Малер не најде докази дека кампањата на Трамп соработувала со Русија за влијание врз изборите во 2016 година, но и не заклучи дека претседателот на САД не ја попречувал правдата.

Специјалниот обвинител не покрена конкретни обвиненија и надлежноста за тоа ја префрли на Конгресот.

Треба да знаете
Последни објави