Путин и Моди ќе се сретнат на самитот на ШОС во јуни

Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со индискиот премиер Нарендра Моди на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), изјави за новинарите претседателскиот портпарол Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

„Тајмс оф Индиа“ во средата цитираше свои извори според кои Моди планирал билатерални средби со рускиот претседател Владимир Путин и со кинескиот лидер Сји Ѓинпинг на маргините од самитот на ШОС во јуни.

Самитот на ШОС ќе се одржи во главниот град на Киргистан на 13-14 јуни. Организацијата ги вклучува Индија, Казахстан, Киргистан, Кина, Пакистан, Русија, Таџикистан и Узбекистан.

Треба да знаете
Последни објави