Генерал Ешли: САД веруваат дека Русија изведува нуклеарни проби со низок интензитет

Соединетите Американски Држави сметаат дека е можно Русија да спроведе нуклеарни проби со низок интензитет и да го наруши мораториумот за таквите тестови, изјави денеска генерал полковник Роберт П.Ешли од американската воена разузнавачка служба.

– САД веруваат дека Русија најверојатно нема да се придржува до мораториумот за нуклеарни проби, рече полковникот Ешли на форумот за контрола на оружје на институтот „Хадсон”.

Договорен во 1990-тите, Договорот за сеопфатна нуклеарна забрана (ЦTБT) ужива широка глобална поддршка, но мора да биде ратификуван од осум други земји со нуклеарна технологија, вклучувајќи ги и Израел, Иран, Египет и САД, за да може да стапи на сила.

Русија го ратификуваше договорот во 2000 година.

– Веруваме дека тие имаат капацитети да изведат нуклеарни проби со низок интензитет, кои ги надминуваат лимитите воспоставени во ЦТБТ, рече генералот Ешли.

Треба да знаете
Последни објави