Од денеска до 31 мај ќе се одржи третото издание на Деновите на финансиска писменост, во кој период Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), пензиските друштва – КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје и деловните соработници на пензиските друштва како финансиски институции во државата во чии рамки овие институции ќе им помогнат на граѓаните да го прошират знаењето за својот статус и своите пензиски средства.
МАПАС како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиска писменост заедно со пензиските друштва, упатува јавен повик до сите заинтересирани граѓани да ги посетат просториите на МАПАС, на пензиските друштва и деловните соработници на пензиските друштва, каде стручни лица кои ќе ги информираат за измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осугурување.
МАПАС е регулаторна и супервизорска институција која во континуитет се грижи за интересите на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и го поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување.
Исто така МАПАС повеќе години наназад спроведува активности за финансиска едукација како член на Координациското тело на регулаторни институции за финансиска едукација и финансиска инклузија во РСМ со цел зголемување на свесноста на граѓаните за потребата од поголема финансиска едукација и знаење за пензискиот систем и своите права и обврски од капитално финансираното пензиско осигурување.