Излезе трејлерот за третото продолжение на хоророт „Annabelle Comes Home“

„Ворнер Брос“ издаде уште една најава за третото, најново продолжение на франшизата за куклата Анабела под наслов „Annabelle Comes Home“. Трејлерот е многу страшен и веќе стана хит кај гледачите кои одвај чекаат да го видат новото продолжение на популарниот хорор.

Гери Дауберман работеше на претходните два филма за Анабел како сценарист, а сега ја презеде улогата на режисер. Во новото продолжение глумат Патрик Вилсон и Вера Фаргига, кои проколнатата кукла ја ставаат на сигурно место, зад светото стакло и со благослов на свештеник. Сепак, Анабел ги буди злите духови во собата и тие наоѓаат нова жртва – 10-годишната Џуди (McKenna Grace), ќерка на Ед и Лорен, но и нејзините пријатели.

Треба да знаете
Последни објави