САД: Иран речиси сигурно стои нзад нападите врз танкерите со нафта близу ОАЕ

Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, изјави дека е „речиси сигурно” оти Иран стои зад нападите врз танкери на нафта близу ОАЕ претходно овој месец.

Четирите бродови, вклучувајќи и два саудиски танкера, се нападнати со „мини, речиси сигурно од Иран”, изјави денеска Болтон на прес-конференцијата во Абу Даби.

Болтон вчера на Твитер соопшти дека пристигнал во Обединетите Арапски Емирати. Повод се планираните денешни разговори за важни и итни прашања поврзани со регионалната безбедност, рече Болтон.

Тензиите меѓу Иран и САД се интензивираа по нападот овој месец против танкерите со нафта во Персискиот Залив. Вашингтон, близок сојузник на регионалните ривали на Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, за нападот го обвини Техеран. Иран ги негираше обвинувањата.

За време на посетата на Доха вчера, иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Абас Аракчи, рече дека неговата земја е подготвена да се вклучи во дијалог со арапските земји од Заливот за да се справи со ескалацијата на тензиите.

Треба да знаете
Последни објави