Хрватските политичари жртви на кражба на идентитет

Неколку политичари од Хрватско Загорје станале жртви на кражба на идентитет, откако една компанија се послужила со нивните матични броеви и адреси, што биле објавени на листите за кандидатури и фиктивно покажала дека им исплатила пари.

Меѓу оштетените е и потпретседателот на Хрватскиот сабор, Синиша Хајдаш Дончиќ, пратеникот и градоначалник на Предграѓе, социјалдемократот  Марко Вешлигај и пратеникот на ХДЗ, Жарко Тушек. Жртви на кражба на идентитет, освен политичари, се и некои јавни личности од Крапинско-загорската Жупанија или вкупно околу дваесет лица.

Името на компанијата, која ги користела личните податоци на политичарите од Загорје, се уште не е познато, со оглед на тоа дека кривичната истрага е во тек. Само се знае дека нејзиното седиште е во Риека.

Според информации на хрватски медиуми, Хајдаш Дончиќ, Вешлигај и Тушек, наводно, продале старото железо како секундарен отпад.

За стари машини за перење, каросерии на стари автомобили и друго железо, според фалсификуваните фактури, добиле околу 2.000 куни (околу 270 евра)

Треба да знаете
Последни објави