Груби на конференција за пристапување на Западен Балкан во ЕУ

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија Артан Груби ќе учествува на регионална конференција на тема „Пристапување на Западен Балкан во Европската унија – примена на политички критериуми” што во организација на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) ќе се одржи од денеска до 31 мај во Подгорица, Црна Гора.

На регионалната конференција ќе учествуваат министри и претставници од парламентите на земјите од Западен Балкан, Европската унија, претставници oд невладиниот сектор, професори, експерти, кои ќе ги споделат регионалните искуства и видувањата за идните предизвици перспективи на Европската Унија за земјите од Западен Балкан во процесот на проширување и други актуелни теми.

Конференцијата е поддржана од Парламентот на Република Црна Гора и Амбасадата на Кралството Норвешка во Република Србија.

Треба да знаете
Последни објави