Испораката на С-400 за Турција напредува согласно утврдените термини

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека процесот на испорака на руските системи за воздушна одбрана „С-400″ на Турција напредува согласно утврдените термини и нема никакво задоцнување, јави агенцијата Анадолија.

– Процесот на испорака напредува во согласност со закажаните термини. Сè оди како што е планирано, нема никакви задоцнувања, изјави Песков во Нурсултан, главниот град на Казахстан.

Министерот за национална одбрана на Турција Хулуси Акар пред извесно време рече дека тврдењата на Соединетите Американски Држави дека Турција не сака да ги купи системите „С-400″ не ја одразуваат реалноста, потсетува Анадолија.

Треба да знаете
Последни објави