Лазовски по сообраќајката со службениот автомобил: Ако се утврди моја вина ќе сносам одговорност

Ако се утврди моја вина ќе сносам одговорност, вели заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, по денешната сообраќајната незгода помеѓу неговото службено возило и моториклист.

„Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност“, напиша Лазовски на Фесјбук.

Сообраќајката се случила на крстосницата меѓу Собранието и болницата „Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје.

Фото: МКД.МК

Треба да знаете
Последни објави