ОБСЕ до албанските партии: Политичките турбуленции се решаваат само преку дијалог

Специјалниот претставник на ОБСЕ, Андреас Нотел, кој е во посета на Албанија, упати апел за дијалог меѓу политичките партии за надминување на политичката криза во која се наоѓа земјата.

Тој на средбата со претседателот на албанскиот Парламент, Грамоз Ручи, посочи дека политичките турбуленции се решаваат единствено преку дијалог и на мирен начин, категорично отфрлајќи примена на насилство.

Амбасадорот Нотел, кој е во Тирана за да им помогне на службите на Собранието и Министерството за Европа и надворешни работи за успешно остварување на претседавањето на Албанија со ОБСЕ во 2020 година, оцени дека меѓународната заедница има целосна доверба во земјата.

– Меѓународната заедница има целосна доверба дека Албанија целосно ќе ја исполни оваа важна мисија на глобално ниво. Парламентарното собрание и Секретаријатот на ОБСЕ се горди на албанското претседавање, вашата посветеност и големите очекувања што ги имаме од ова претседавање. Албанија ќе покаже како една мала земја може да стане голем лидер, истакна тој.

Ручи на срдбата, на која присуствуваше и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Тирана, Бернд Бошард, рече дека Албанија сериозно се подготвува успешно да ги исполни сите задачи како претседавач со ОБСЕ за да придонесе за безбедноста и стабилноста во сите региони каде што е присутна Организацијата, вклучително и во регионот.

– Претседавањето со ОБСЕ претставува можност Албанија да се потврди како клучен фактор во гарантирањето на безбедноста и мирот во светот и како шампион на западноевропските вредности. Албанскиот Парламент целосно ќе ја поддржува Владата и албанските институции ангажирани во ова лидерство, нагласил Ручи.

Албанија доби едногласна поддршка од земјите членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да претседава со оваа организација во 2020 година, за време на 25-та средба на Министерскиот совет на ОБСЕ во Милано, што се одржа на почетокот на декември минатата годна

Треба да знаете
Последни објави