Рама: Препораката на Комисијата е доказ дека ја исполнивме домашната задача

Албанскиот премиер, Еди Рама, по објавувањето на позитивната препорака на Европската комисија за почеток на преговорите со ЕУ, оцени дека препораката е потврда оти Тирана успешно ја завршила својата домашна задача.

„Безусловната позитивна препорака за официјален почеток на преговорите за членството на Албанија во ЕУ потврдува дека Албанија успешно ја завршила домашната задача во овој процес“, напиша Рама на „Твитер“.

Треба да знаете
Последни објави