СДСМ: Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за одземање на мандатот на бегалецот Груевски

СДСМ ги повика сите пратеници, особено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да гласаат за одземање на мандатот на пратеникот и поранешен премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.

„Законот почитувани граѓани, мора да важи подеднакво за сите без исклучок. Јавноста, граѓаните, ги следат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дали ќе ја испочитуваат сопствената одлука донесена вчера на Извршниот Комитет. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да си ја врамат вчерашната одлука на Извршниот Комитет затоа што тоа им е единствена нивна одлука која е во согласност со уставот и законите. За жал, мора да констатираме дека Мицкоски повторно нема храброст јавно да соопшти одлука и личен став за Никола Груевски бидејќи токму тој е неговиот ментор. Токму Груевски од Будимпешта го контролира Христијан Мицковски“, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави