Смртта на долгогодишната соработничка ја натажи кралицата Елизабета

Иако никогаш не оди на погребите на своите вработени, кралицата Елизабета Втора(98) ќе присуствува на погребот на долгогодишната соработничка Анет Вилкин, која почина по кратка болест. Од британскиот двор велат дека кралицата е „лута“, „во шок”, „тажна” и дека не може да се помири со смртта на својата најблиска соработничка и шефица на целиот нејзин персонал.

Анет Вилкин почнала да работи за кралицата во 1974 година, а почина од тешка, но кратка болест на возраст од 73 години.

„И неа ја викавме кралицата Анет. Таа беше секогаш средена, тивка и мирна, но сите ги водеше со челична, а сепак мека рака. Таа ѝ беше жена од доверба на кралицата“, велат од палатата.

„Сосема е извесно дека кралицата ќе присуствува на погребот. Oбично не го прави тоа бидејќи не сака да привлекува внимание, но овој пат ќе направи исклучок“, потврди  ПР од Бакингамската палата.

Тие, исто така, велат дека Анет толку била сакана што ја сметале за член на кралското семејство.

Таа никогаш не се омажила и не основала свое семејство. Анет  сметала дека нејзино семејство е кралското семејство на Британија.

Треба да знаете
Последни објави